HomeГИГА БАЈТСмартфонBlackBerry за последен пат ќе лансира смартфон со QWERTY тастатура

BlackBerry за последен пат ќе лансира смартфон со QWERTY тастатура

blackberry-john-chen

BlackBerry реши да стави крај на своите модели на телефони, но сепак извршниот директор Џон Чен не сака да го откаже и последниот модел што го најавија за лансирање. Компанијата ќе се фокусира само на софтвер и услуги, но пред да се предаде целосно ќе го претстави смартфонот со кодно име Mercury, пренесува telefoni.mk.

Чен рекол дека „мора да исполни едно ветување“, кога мислел на телефонот. Ова ќе биде уред со 4,5 инчен дисплеј со Full HD резолуција, со 8-јадрен 2GHz Qualcomm процесор, 3GB RAM меморија, 32GB внатрешна меморија, задна камера со резолуција 18MP и предна камера со 8MP. Капацитетот на батеријата ќе биде 3,400mAh, а Mercury ќе функционира со Android 7.0 Nougat. Се уште не се знае кога ќе излезе новиот BlackBerry.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com