HomeГИГА БАЈТСмартфонBlackBerry повеќе нема да произведува смартфони

BlackBerry повеќе нема да произведува смартфони

Канадскиот бренд на мобилни телефони BlackBerry целосно се повлекува од пазарот на смартфони и освен неколку веќе закажани модели зад кои ќе стои TLC-Alcatel и повеќе нема да произведува нови туку ќе го позајми својот бренд на надворешни партнери кои ќе имаат право на производство и пласман на нови телефони, денес соопшти извршниот директор Џон Чен.

Откако ги стабилизиравме финансиите во вториот квартал од 2016-та со приходи од 350 милиони долари време е да се посветиме на одржување на компанијата на здрави нозе и затоа ќе се фокусираме на софтверски услиги, а не на нов хардвер, надополни Чен.

BlackBerry ќе ги задржи мобилните безбедносни апликации кои ја штитат приватноста на комуникацијата и се наменети за владини институции и големи бизнис компании, како и на BlackBerry Messenger сервисот.

извор:Телефони.мк

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com