Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиБла Бла ТВ слави една година алтернативна активност

Бла Бла ТВ слави една година алтернативна активност

Нашите пријатели Бла Бла ТВ вечер ќе прослават една година постоење како алтернативен медиум со голема поддршка за сите македонски артисти и урбани случување. Прославата ќе се одржи вечерва од 20 часот во Младинскиот култирен центар со голема журка.

За годината која измина Бла Бла ТВ може да се пофали со преку 60 интервјуа, 74 промо бустања, 12 самостојни емисии и ве каниме на журка со гости од алтернативната сцена, како и со одржувањето на Македонските Алтернативни Награди. Затоа вечер придружете им се во големата забава и продолжете со Бла Бла активности.