Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБјорнстад: Норвешка ќе и помага на Македонија во евроинтеграцијата

Бјорнстад: Норвешка ќе и помага на Македонија во евроинтеграцијата

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арни Бјорнстад. На средбата била договорена поддршка од Кралството Норвешка на Македонија во повеќе области значајни за евроатлантските интеграции на земјава.

„Станува збор за помош од Норвешка во подобрување на административните и на законските капацитети, во судството, за исполнување на условите од поглавјето 24 од Извештајот на ЕК за Македонија, важно за преговарачкиот процес и со приоритет на обвинителската дејност, во областа на животната средина, за исполнување на условите од поглавјето 27, за чиста вода и превенција на храна, во унапредувањето на контролните механизми за заштита од корупција и од злоупотреби на јавните фондови“, се вели во соопштението од Влада.

Во периодот што престои ќе следува поврзување на институциите со амбасадата на Кралството Норвешка за утврдување на начините за аплицирање за фондовите преку кои треба да се реализира поддршката.