Бизнисменот Орце Камчев кој еден од најбогатите македонци беше повикан од СЈО, но засега не е познато во какво својство, дали како сведок или пак како осомничен во некоја од истрагите. Денеска околу 11 часот Камчев ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство, но распитот не даде изјава за медиумите.
По него на распит се повикани и министерката за култура Канческа-Милевска, како и екс министерот за транспорт Јанакиески. СЈО поради тајност на истрагите исто така не открива детали во какво својство ги повикува овие личности.