HomeДЕНЕШНАПолитикаБизнисмените загрижени дека со прислушувањето се краделе деловни тајни и се преземале компании

Бизнисмените загрижени дека со прислушувањето се краделе деловни тајни и се преземале компании

zagrizen-biznismen

Голем број на бизнисмени се загрижени дека со нелегалното прислушување се вршел силен притисок врз фирмите во Македонија и можеби тие информации се користеле за манипулации, откривање на деловни тајни, па дури и насилно преземање на компании. Деталите кои СЈО ги откри за аферата „Таргет“ ги потврдија дел од сомнежите на бизнисмените дека и тие како и новинарите и политичарите биле мета на незаконско следење.

Со ваквата пракса на прислушување, бизнисот е ставен во немилосрдна положба, за 24 Вести коментира бизнисменот Венко Глигоров и не ја исклучува можноста информациите од прислушуваните разговори да се користеле за местење на тендери, уценување и обезбедување на послушност од стопанственците.

Мендерес Кучи од стопанската комора на Северозапдна Македонија, вели дека престанале да разговараат по телефон, уште по објавата на бомбите.

Мегу звучните имиња се најде и банкарот Хари Костов кој реагираше до јавноста.

„Загрижува фактот дека слушањето на моите приватни и службени разговори е правено противзаконски и за сметка на нечии лични интереси. При тоа, не се работи за Хари Костов како физичко лице, туку и како претставник на деловна институција, која според законот располага со деловни тајни, а со чие прислушување некој ги злоупотребил за стекнување нелојална конкурентска предност или  за свои лични интереси“, вели Хари Костов од Комерцијална банка.

Во аферата „Таргет“ осомничени се десет вработени во УБК кои прислушувале околу 4300 лица во периодот од 2008 до 2015 година без судска наредба. Во три системи за следење на комуникациите во сопственост на УБК осомничените сами внесувале броеви кои биле „таргети“ на прислушувањето, па дури и сами ги слушале снимените разговори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com