HomeДЕНЕШНАЕкономијаБизнис заедницата предупредува: Многу правници ќе останат без работа поради новиот закон за нотаријат

Бизнис заедницата предупредува: Многу правници ќе останат без работа поради новиот закон за нотаријат

Бизнис заедницата реагира на новиот закон за нотаријат. Според нив, новиот закон ги дискриминира адвокатите кои работат во правните служби, а ги имаат сите услови и наметнува дополнителни трошоци за надворешни адвокати.

Наместо надворешни соработници (адвокати и адвокатски друштва) како што предвидуваат последните законски измени, постапките за нотарските платни налози и извршувањата да ги вршат правните служби на компаниите, бара бизнис секторот. Новиот закон треба да стапи на сила на први јануари, а ако не се направат промените, можно е фирмите да почнат да потпуштаат правници, но и да ја намалат амбицијата за раст поради новонастанатите трошоци.

Од Стопанската комора сметаат дека има доволно време да се направат потребните измени и нагласуваат дека таков закон нема во ниту една европска земја.

Практично се бара менување на решенијата за извршување и за нотаријат како во Законот за парнична постапка или враќање на овој сегмент како што функционирал досега.

„Ангажирањето надворешни соработници за сметка на веќе постоечките правни служби во компаниите, нема да значи подобро и поквалитетно завршена работа, напротив. Тоа за фирмите ќе биде дополнителен финансиски товар што ќе предизвика реорганизација и негативни импликации врз работењето, истакна Елена Милевска Штрбевска“, директор во Стопанската комора.

Според анектата што ја спроведе Комората, од вкупно прашани 226 компании во различни дејности, 61,5 % имаат сопствена правна служба со по седу до осум вработени, од кои најмалку пет се со положен правосуден испит, додека 30 % од фирмите ангажираат надворешни адвокатски услуги.

„Тоа покажува дека правниците во компаниите се компетентни. Од друга страна, тие се и многу подобро запознаени со активностите на својата компанија отколку кој било друг надворешен соработник што евентуално би бил анагжиран за некоја од постапките“, нагласи Милевска Штрбевска.

Пресметките велат дека ако се усвојат веќе дефинираните измени на законите за извршување и за нотаријат, трошокот на компаниите за адвокатите за само еден предмет би изнесувал дополнителни 700 до 12.600 денари. Но, покрај овие, плус трошоци ќе имаат и за нотарите и за извршителите. Стопанската комора интервенирала во оваа насока уште додека законските измени биле во собраниска процедура.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com