HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаБитолчанец загина во пожар во својот дом

Битолчанец загина во пожар во својот дом

pozar-izbio-i-na-krov-zgrade

Педесетгодишен битолчанец ноќеска загина во пожар што изби во неговиот дом. Пожарот го зафатил третиот кат од куќата, сопственост на Н.Т. на улицата „21-ва“. При гаснењето на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пронајдено опожареното човечко тело.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден кога ќе ги утврдат причините за пожарот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com