Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРБитолското село Трново го означува стартот на Семакедонската илинедска средба

Битолското село Трново го означува стартот на Семакедонската илинедска средба

Денеска во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе се одржи Семакедонската илинденска средба – Трново 2015.

Oбединувањето на 44. Светска македонска иселеничка средба и 35. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија се под покровителство на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

Се најавува богата културно – уметничка програма, пропратена со света архиерејска литургија што ќе ја отслужи митрополитот Европски Пимен, обраќања на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и на претставници на организаторите во чие име претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров ќе прочита Семакедонска илинденска декларација за Македонија.