Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБитолски „герилци“ им порачаа на политичарите да ги симнат маските

Битолски „герилци“ им порачаа на политичарите да ги симнат маските

„Герилци“ од битолското движење „Протестирам“ со транспаренти ги дочекаа претседателот Иванов и министерката Канческа-Милевска на отварањето на филмскиот фестивал Браќа Манаки. Тие им порачаа на политичарите да ги симнат маските. Тие скандираа по претседателот но, обезбедувањето ги спречи да му се доближат.

Фестивалот сепак, пројде во најдобар ред со премиерата на „Ослободување на Скопје“, историска драма во режија на Раде Шербеџија. На свеченото отворање, на оскаровецот кинематографер Џон Сил ќе му биде врачена златна „Камера 300“ за животно дело, а писмо од годинашниот лауреат Роби Милер ќе прочита Клер Пијман, негова соработничка и авторка на документарен филм за него.

Извор: sdk.mk