Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБитолчанка најбрза на штикли

Битолчанка најбрза на штикли

Вчера заврши четвртата трка со штикли на Широк сокак. Победничка е дваесетгодишната битолчанка Анета Јанкуловска.
Годинава се натпреваруваа 14 девојки, 11 од Македонија и 3 од Турција.

Натпреварувачките носеа потпетици повисоки од 8 сантиметри и не беше дозволено да трчаат во чизми. Трчаа на патека долга 80 метри.

Организатор е Младинскиот културен центар од Битола, од каде велат дека манифестацијата ја симболизира упорноста и истрајноста на модерната жена, која и на високи потпетици го освојува светот и упатува порака за јакнење на улогата на жената во современото општество.