Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарБитола ги крева завесите за најмладите – започнува ,,Битолино"

Битола ги крева завесите за најмладите – започнува ,,Битолино"

Претставата „Не, не ти! Или за различноста“ вечерва во 18 и 30 на Мала сцена од Загреб   на новата сцена на битолскиот Центар за култура ќе  го означи почетокот на 5. Интернационален детски театарски фестивал „Битолино“.

Најмладата публика ќе има можност да ужива и во шведската претстава на теататарот од Лунд „Звучи – ЗУН ЗУН“.

На ,,Битолино”, ќе гостуваат и претстави од Хрватска, Израел, Франција, Австрија и САД.

Интернационалниот детски театарски фестивал ќе трае до 7 август, со по две  претстави дневно.