Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураБитола допрена од поезијата

Битола допрена од поезијата

,,Поетски синтези” е насловот на  дводневниот поетски  Меѓународен фестивал кој ќе започне утре во Битола На овој поетски собир ќе учествуваат истакнати автори, членови на Друштвото на писатели на Македонија.На фестивалот традиционално,  ќе биде доделена награда „Поетска муза“ за естетизација на поетскиот дискурс, интертекстуалност и интерпретација.

Елена Пренџова, Бобан Богатиновски, Мирјана Стојановска, Зоран Пејковски, Весна Мундишевска, Никола Илијовски, Панде Манојлов, Кире Неделковски, Милица Радевска, Билјана Т. Димко, Христо Петревски и Тоде Илиевски. се македонските учесници на овој поетски фестивал, а истиот ќе го збогатат и гостите од странство.

Bitola_vo tekst

Со свои дела публиката ќе ја почестат и  Олга Панкина (Русија), Јожев Бенце (Унгарија) и Зоран Маслаковиќ (Србија)

Во рамките на манифестацијата ќе биде промовиран зборникот „Битолска поетска разгледница“. За книгата, објавена на македонски и српски јазик, ќе говорат Мирјана Стојановска и Зоран Маслаковиќ .