Tuesday, Oct 17, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБит пазар со модерен изглед и пристојни услови за тезгаџиите

Бит пазар со модерен изглед и пристојни услови за тезгаџиите

bit pazar nov

Скопски пазар го прикажа идејното решение за новиот модерен и урбан изглед на најстариот Бит пазар со тоа што ќе се добијат нови 1000 тезги и паркинг простор за 250 автомобили. Досегашната инфраструктура е премногу застарена и нема речиси никаков пристап за автомобили и паркирање, ниту пак за хигиенски потреби, што е една од најголемите забелешки на тезгаџиите низ минатите години. Почетокот на изградбата е предвиден во април, откако општина Чаир и градските власти ќе дадат одобрение за проектот.