HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБијонсе и Кендрик Ламар ќе настапат на фестивалот „Коачела“

Бијонсе и Кендрик Ламар ќе настапат на фестивалот „Коачела“

bijonse-kendrik-f1

Изведувачите Бијонсе Ноулз Картер и Кендрик Ламар би требалода бидат главни ѕвезди на следното издание на фестивалот „Коачела“, кој се одржува во април во Калифорнија. Фестивалот исто така ќе ги угости и рокерите „Radiohead“, а официјалниот список ќе биде познат во јануари 2017 година.

Популарниот фестивал „Коачела“ се одржува во период од два викенда, од 14 до 16 април, односно од 21 до 23. Минатогодишни изведувачи на овој фестивал, меѓу останатите, беа бендовите „Guns and Roses“ и популарниот ди-џеј Калвин Харис.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com