HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБијонсе и Џастин Бибер со најмногу номинации за европските „MTV“ награди

Бијонсе и Џастин Бибер со најмногу номинации за европските „MTV“ награди

„MTV“ ги објави номинацииите за доделувањето на овогодинешните музички награди, кое ќе се одржи во Ротердам во недела на 6 ноември. Најмногу номинации имаат Бијонсе и Џастин Бибер кои ќе се натпреваруваат во дури пет категории. Веднаш зад нив се Адел, „Coldplay“, Лукас Грејм и Шон Мендез со по четири номинации. Шанса да освојат по три „MTV“ награди ќе имаат Ријана и Дрејк, кои заедно се натпреваруваат во категоријата за најдобра песна со хит синглот „Work“.

hala-ahoj

Покрај нив, во категоријата за најдобра песна се натпреваруваат уште и Адел со песната „Hello“, Џастин Бибер со електро-поп синглот „Coppy“, Лукас Греј со баладата „7 Years“ и Мајк Познер со летната химна „I Took A Pill In Ibiza“. Номинираните во оваа категорија беа откриени во видео-клипот на младиот шпански пејач и интернет сензацијата Лирој Санчез.

Од денес започнава и гласањето за номинираните изведувачи во „MTV Best Adria Act“ категоријата. Во трката за најдобар регионален изведувач се вклучени Елементал“, Луце, „С.А.Р.С.“, „Сидарта“ и Тони Зен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com