Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБиолозите се сомневаат, но излезе ново видео од џиновскиот алигатор

Биолозите се сомневаат, но излезе ново видео од џиновскиот алигатор

Пред неколку дена вистински хит стана џиновскиот алигатор кој се прошета сосема лесно на еден голф терен во Флорида и играчите објавија видео од ова чудовиште кое како да излегло од филмовите со научна фантастика.

Биолозите кои ја анализираа снимката изразија сомнежи дека алигаторот може да достигне толкава големина, но сега се појави уште едно видео од друга перспектива која исто така го доловува чудовиштето. Алигаторот се проценува дека е долг околу 5 метри, а тежи над 500 килограми.