Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимБиохемичар одбил хемотерапија – со масло од канабис се спасил од ракот

Биохемичар одбил хемотерапија – со масло од канабис се спасил од ракот

Рак на простата се јавува кај 1 од 7 мажи во текот на нивниот живот. Единствените традиционални начини за борба против оваа болест се хемотерапија, зрачење и хирургија, која може да предизвика несакани ефекти кај пациентите. Поради оваа причина, многу луѓе избираат помалку агресивни начини на лекување. Денис Хил е еден од тие луѓе и неговото закрепнување покажува извонредни резултати.

На Денис му бил дијагностициран рак на простата, во февруари 2010 година, откако со шест биопсии му откриле канцерогени региони со висок Глисонов збир, што е мерка на агресивност на ракот. Иако неговиот уролог препорачал веднаш да започне терапија со зрачење, Денис одбил во корист на терапијата со екстракт од канабис, која што сметал дека е подобра опција.

Пријател на Денис најпрво изготвил путер од канабис, бидејќи во тој момент немале на располагање високо квалитетно масло од канабис. Тој почнал да го користи и во рок од три месеци поголемиот дел од ракот исчезнал. Сепак, мал дел од метастазите останале меѓутоа до тој момент. Денис успеал да најде извор на масло од канабис и во следните три месеци успеа да го елиминира остатокот од ракот. Извонреден е фактот дека и покрај релативно ниската потентност на путерот од канабис, сепак бил ефикасен против најагресивниот дел од ракот.
oilКако биохемичар со десетгодишно искуство, Денис бил запознаен со ризиците кои ги претставуваат традиционалните терапии за рак и тоа влијаело на неговата одлука. Тој исто така, прави големи напори за да се едуцира јавноста за тоа како канабисот го убива ракот.

На неговата веб страница тој објаснува како нивото на церамид, метаболит на сфингозин-1-фосфат, се зголемува при врзување на ТХЦ за канабиноидните рецептори. Кога нивото на церамид се зголемува, доведува до апоптоза. Ова се должи на различни механизми. На пример, церамидот ја зголемува пропустливоста на митохондријалната мембрана за цитохромот Ц, протеин од клучно значење за енергетската синтеза. Поради зголемената пропустливост, повеќе цитохром Ц истекува на митохондриите, со што го отсекува изворот на енергија. Церамидот исто така го нарушува метаболизмот на калциумот и лизозомните функции. Преку овој начин на инхибиција, клетките на ракот поефикасно се уништуваат.

Една студија од страна на д-р Мануел Гузман ја идентификува важноста на церамидот во контекст на ТХЦ индуцирање на апоптоза во клетките на ракот на панкреасот. Тој открил дека апоптозата била поврзан со зголеменото ниво на церамид и дека инхибиција на синтезираниот церамид го спречува ефектите на ТХЦ поттикнати од апоптоза.

Приказната на Денис Хил веќе им помогна на многу луѓе, а неговата посветеност во науката за канабис е за восхит. Со надеж дека истражувањето со канабис ќе биде дозволено да се развива, а тој ќе биде во можност да учествува.