Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБилт: Земјите од Балканот мора што поскоро да влезат во ЕУ

Билт: Земјите од Балканот мора што поскоро да влезат во ЕУ

Поранешниот шведски премиер и некогашен министер за надворешни работи, Карл Билт, оценил дека Европската унија мора да го забрза процесот на европската интеграција на земјите од Балканот и со тоа јасно да покаже дека има волја да одговори на ризиците кои постојат во регионот – пренесува Танјуг.

Билт, кој сега копретседава со невладината организација Европски совет за надворешни односи, во авторски текст потенцирал дека бил во право кога рекол дека војните, како оние од 90-тите години нема да се вратат, поради тоа што условите се далеку поинакви, но и дека „вжештените глави на поединци можат да предизвикаат пожар, кој тешко ќе може да се совлада“