Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБилт неофицијално во Скопје, не е на агендата на Иванов

Билт неофицијално во Скопје, не е на агендата на Иванов

Билт е во Скопје неофицијално, а претседателот Иванов нема закажано средба со него. Според информации од нашето МНР, копретседавачот на Европскиот совет за надворешни односи, Карл Билт не е во официјална посета. Тој доаѓа во својство на претставник на невладина организација.

Од Кабинетот на Иванов официјално велат дека во агендата на македонскиот претседател не е предвидена таква средба.‎

„Во агендата на претседателот не е предвидена таква средба“, посочуваат од неговиот кабинет.

Според дел од написите во медиумите, Билт треба да се сретне со претставници на СДСМ и ДУИ, но од партиите не пристигна потврда за ваквите шпекулации.

Билт кој на својот Твитер профил најави дека денеска доаѓа во Скопје напиша и дека не гледа знаци за крај на кризата во Македонија.

„Не и се гледа крајот на уставната криза во Скопје. Се чини дека разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка“, напиша тој на Твитер.