Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБилиќ потврди, Вест Хем го сруши клупскиот рекорд и донесе врвно засилување!

Билиќ потврди, Вест Хем го сруши клупскиот рекорд и донесе врвно засилување!

Хрватскиот експерт го потврди она што веќе со денови се провлекуваше по медиумите, срушен е клупскиот рекорд! Тренерот на Вест Хем Славен Билиќ, денес потврди дека во лондонскиот клуб ќе пристигне репрезентативецот на Италија и досегашниот фудбалер на Јувентус, Симоне Заза.

„Кога станува збор за состојбата околу Симоне Заза, клубовите постигнаа договор. Условите со фудбалерот се исто така договорени и тој денес пристигнува во Лондон. Веќе подолго време се обидуваме да донесеме врвен напаѓач и тој секогаш беше споменуван во оваа приказна“, изјави Билиќ за британските медиуми.

Според пишувањата на медиумите Вест Хем за овој трансфер ќе му плати на Јувентус 24 милиони фунти, што претставува најголема сума на пари некогаш издвоена од страна на „Чеканите“ за трансфер на некој фудбалер. Симеоне Заза, покрај за Јувентус, во текот на својата кариера настапуваше и за Сасуоло, Аталанта и Сампдорија.

zaza-cropped_nk87t6hikbx41ticlarh63x87