Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСБидете во форма и кога сте на одмор

Бидете во форма и кога сте на одмор

 

Пијте многу вода

Златно правило е дека и во друг период од годината потребно е да се пие 8 чаши вода на ден, во овие тропски горештини пијте и повеќе. Бидејќи преку потењето и физичките активности губиме околу ¾ вода од организмот. Водата е чувар на нашето здравје, но и на телесната тежина

Практикувајте здрави навики

Здравиот режим на исхрана, доволно часови за спиење, откажување од цигари се само дел од навиките кои треба да ви станат секојдневие. Истражувањата покажуваат дека утринските вежби го забрзуваат метаболизмот и даваат дополнителна енергија

Внимавајте што пиете

Некои пијалоци можат да бидат погубни за вашата посакувана телесна тежина.Посебно внимавајте со коктелите со оглед на тоа дека истите се прават од разни сокови кои се полни со шеќер и алкохолни пијалоци, па можно е да внесете премногу калории во организмот без да бидете свесни. Изберете чаша црно вино или вода.

Внимавајте на исхраната

И кога сте на одмор обидете се да им одолеете на некои вкусни задоволства за да ја одржите веќе постигнатата телесна тежина. Ако сте на одмор не значи дека треба да се предадете на брза храна и торти.