Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБи се напиле ли кафе од ХИВ позитивен – Видео од Градски парк

Би се напиле ли кафе од ХИВ позитивен – Видео од Градски парк

ХИВ вирусот и Сидата одамна не се табу теми во развиените општества каде отворено се разговара за начините како да им се помогне на заболените лица и да се спречи дополнително ширење на заразата. Во Македонија речиси никој јавно не прговорил дека боледува од ХИВ или Сида и често овие лица се третирани со осуда и општествен срам.

За да се видат реакциите на граѓаните во една неочекувана ситуација Здружението за поддршка на лица со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ направи социјален експеримент преку кој покажува дека стравот од заразените лица е навистина неоснован. Во видеото единствена која има предрасуди е всушност ангажирана актерка за да ги испровоцира реакциите на граѓаните. Кажете ни како вие би реагирале.