Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниБезобразниот Конор Мекрегор ќе атакува на титула во UFC

Безобразниот Конор Мекрегор ќе атакува на титула во UFC

Конор Мекрегор е новата ѕвезда на UFC шампионатот кој повеќе внимание привлекува со неговите контроверзни изјави отколку со вештините во рингот. Пред финалната борба со Чед Мендес борецот изјави дека сите треба да се обложат во него, а Мекрегор се обложил со претседателот на UFC Дејна Вајт во три милиони долари.

conor mcgregor

Конор Мекрегор е многу самоуверен дека ќе биде новиот шампион во перолесна категорија во UFC шампионатот и тврди дека ќе го нокаутира својот противник Мендес во втората рунда. Финалето на UFC шампионатот ќе се одржи во Лас Вегас во недела.