Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБезбедноста во сообраќајот да се подобри со идеи од граѓаните

Безбедноста во сообраќајот да се подобри со идеи од граѓаните

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ги повика граѓаните да дадат свои идеи во креирање на новата програма по која ќе се работи за 2016-та. Големиот број на несреќи со фатални последици и ниската сообраќајна култура создаваат револт кај сите учесници во сообраќајот.

soob

Постојаните кампањи за зголемување на свеста, предлозите за повисоки казни и честите контроли на сообраќајната полиција не даваат соодветни резултати бидејќи возачите и понатаму се однесуваат „дивјачки“, пешаците не внимаваат улиците, а велосипедистите прават големи грешки.

Затоа овој проблем мора да биде сведен на самиот учесник во сообраќајот кој ги знае секојдневните предивизвци и да даде идеја до РСБСП за подобрување на состојбите.