Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБезбедносните сили во Грција разбија канал за шверц на хероин од Турција

Безбедносните сили во Грција разбија канал за шверц на хероин од Турција

Силите за безбедност на Грција разбиле  канал за шверц на хероин од Турција –  пишува весникот „Катимерини“.

Полицијата привела седум лица, кои пренесувале наркотици со автомобил, опремен со специјални тајни прегради. Властите идентификувале уште 11 лица, за кои се смета дека припаѓаат кон криминална група.

Во рации во Атина, Солун, Халкидики и Јанина биле одземени 20 килограми хероин и три автомобили.

Очекуваниот профит од продажба на дрогата се пресметува на 400.000 евра. Меѓу уапсените има и Албанец со наредба за апсење издадена од Интерпол.