Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБезбедна и здрава храна во Македонија со европски искуства

Безбедна и здрава храна во Македонија со европски искуства

Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фитосанитарната управа, Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство ќе користат европски искуства за подобрување на стандардите за здрава и безбедна храна, регулирање на учесниците на пазарот, како и влијание за подбрување на пазарната позиција и конкурентност на македонските субјекти.

Твининг проектот Институционално зајакнување на капацитетите на надлежните служби за спроведување на законодавството на ЕУ од областа на безбедноста на храна, ветеринарната и фитосанитарната политика се води со ИПА средства, финансиран од ЕУ. На промоцијата на проектот присутен беше и евроамбасадорот Аиво Орав кој истакна дека се вложени 1,3 милиони евра за зајакнувањето на земјоделскиот сектор во Македонија.

zemjodelie

Амбасадорот на Италија во Македонија Ернесто Масимино Белели истакна дека со следење на најдобрите практики од Европската Унија може да се применат многу новини за подобрување на конкурентноста и пристапот на пазарот, особено што земјоделието е еден од најприоритетните сектори.

– Ќе им се овозможи на македонските производители да влезат на европскиот пазар, ќе се овозможи пораст на економијата и ќе се даде неопходна поддршка на земјоделците кои македонската Влада веќе им ја овозможува на објективен и најдобар можен начин, изјави Белели.

Проектот ќе трае 19 месеци, а завршува на 28 ноември 2016 година.