Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБез тензии и проблеми мигрантите ја минуваат границата

Без тензии и проблеми мигрантите ја минуваат границата

Влезот на мигрантите од јужната граница со Грција е многу подобро организиран, што поради поголемото ангажирање на грчките власти, што поради разбирањето на самите мигранти дека лесно ќе транзитираат низ Македонија, само доколку легално влезат и се евидентираат. Според проценките поминале околу 3000 лица што беше и прогноза на УНХЦР и дел од нив го продолжија патот кон север со возови и друг вид на превоз. За мигрантите во прифатниот центар се обезбедени вода и храна и на терен се активни екипите на Црвениот крст.