Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеБез струја утре дел од корисниците во неколку општини во Скопје

Без струја утре дел од корисниците во неколку општини во Скопје

Во текот на утрешниот ден без струја ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром, Центар, Чаир, Зелениково, Ѓорче Петров и Шуто Оризари, поради зафати што ќе ги вршат екипи на ЕВН.

Во периодот од 8.30 до 13 часот, дел од корисниците од ул. Божин Николов, Фрањо Клуз од бр.4 до бр.16, ОУ Блаже Конески, како и дел од корисниците од ул. Партение Зографски. Во периодот од 8.30 до 14.30 часот, корисниците од ул. 191, Битпазарска, Дичо Петров, како и дел од корисниците од бул. Крсте Мисирков. Во периодот од 9 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 5 во село Зелениково. Во периодот од 9 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул. 69 околу поранешен кафе бар Шкорпион, како и дел од корисниците од ул. 11, 13, 71 и 100. Во периодот од 9 до 15 часот, корисниците од ул. Гвадалахара и Метохиска, како и дел од корисниците од ул. Индира Ганди кај Џиди Комерц. Во периодот од 12 до 14 часот, дел од корисниците од ул. Тодор Александров.