Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБез ракавици, дипломатите со протест пред МНР

Без ракавици, дипломатите со протест пред МНР

Професионалните дипломати предводени од нивниот независен синдикат денес излегоа на предупредувачки протест пред Министерството за надворешни работи барајќи да им се врати достоинството на професијата и да се почитуваат стандардите за кариера.

„Најитно ставање во мирување на сите измени на постојниот ЗНР од 2008 година наваму и подзаконските акти донесени врз основа на тие измени и со тоа враќање на сила на оригинерниот текст на ЗНР од 2006 година за нормализирање на состојбите во МНР и за реинституционализирање на МНР во интерес на надворешната политика, најитно повлекување на Законот за административните службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор донесени во 2014 година и враќање на Законот за државни службеници од 2000 година во неговата оригинерна форма, за избегнување целосна зависност на вработените од актуелниот политичар на чело на институцијата“, велат од Синдикатот на дипломатската служба.

Дипломатите се бесни бидејќи се доведени во состојба во која не се почитува искуството, квалитетот, залагањето и професионалноста за напредување и кариера, туку само партиската припадност и самоволието на власта. Од МНР се уште не излегле со официјална реакција за протестот на синдикатот.