Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБез опозиција изгласан Универзитетот „Дамјан Груев“

Без опозиција изгласан Универзитетот „Дамјан Груев“

Со 67 гласа „за“ и шест „против“ владејачкото мнозинство во Собранието денеска во отсуство на опозицијата по скратена постапка го изгласа Законот за формирање на Универзитетот „Дамјан Груев“. Предлог-законот доби поддршка и по Бадентеровото мнозинство.

Се работи за Универзитет за одбрана, безбедност и мир, а новиот владин предлог на законот кој вчера пристигна во Собранието проширен со уште три нови факултети – економски, градежен и архитектонски.
sobranie glasanje
Владејачкото мнозинство го бранеше формирањето на Универзитетот со тврдења дека студентите ќе имаат уште една можност самите да направат избор каде ќе студираат, да не бидат манипулирани и рекетирани. Пратениците од опозицијата пак, денеска ја бојкотираат седницата на Собранието, по одлуката за замрзнување на сите собраниски активности додека Уставниот суд не се изјасни за уставноста на Специјалното обвинителство.