Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБез Албанија, ништо од „Луково Поле“!

Без Албанија, ништо од „Луково Поле“!

Без да се добие согласност од албанска страна, Македонија нема да го протурка проектот „Луково Поле“. Вакви смирувачки пораки добил албанскиот министер за енергетика и индустрија, Дамиан Ѓинкнури, од македонскиот колега Беким Незири на средбата во Стуга. Прашањето за изградбата на овој проект предизвикало огромни бранувања на албанската медиумска јавност, посочил Ѓинкури…

„Меѓународните води се регулирани со меѓународни конвнции и договори и ниту една држава не може сама по себе да покрене такви проекти. Како втора работа треба да се види интересот на двете држави во областа на енергетиката. Јас сакам да го повторам ставот на Владата на Македонија, кој денес беше потврден, дека нема да се реализира ниту еден проект еднострано, а кој може да наштети на друга страна. Значи, се што правиме, правиме координирано“, рече Дамиан Ѓикнури, министер за енергетика и индустрија на Албанија.

Бранејќи ги добрососедските односи и избрзаните одлуки на македонската страна во приказната, Незири на албанскиот колега му понудил утеха дека сите решенија ќе бидат претходно добро продискутирани помеѓу двете земји…

„Добрососедските односи помеѓу Македонија и Албанија нема да бидат нарушени со ниту еден проект. Сите проекти и проблеми што ги тангираат двете страни ќе бидат дискутирани на отворена маса и на крај ќе се донесат решенија. Македонија немала до сега реализирано ниту еден проект
кој ќе наштети на друга држава. Така да вакви проекти кои би наштетиле на нашиот сосед нема да бидат реализирани“, посочил Беким Незири, министер за економија.

Откако сите нејаснотии биле разјаснети, а албанскиот министер за енергетика и индустрија задоволен од ветеното, двајцата колеги заеднички потпишале меморандум за енергетска поврзаност помеѓу државите кои ги преставуваат.

ХЕ „Луково Поле“ е предвидено да биде 74 метарска брана, односно хидро централа во реканскиот крај, која треба да го зголеми уделот на обновливата енергија во вкупното производство на струја во Македонија. Според хидролошките анализи, ќе се обезбедат дополнителни 160 гигават-часа електрична енергија на годишно ниво.


Н.С