Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБетмен тужит: Ако треба и до меѓународните судови ќе го тужиме изборот на Џафери

Бетмен тужит: Ако треба и до меѓународните судови ќе го тужиме изборот на Џафери

Овие понижувања, местенки, прекршувања на правото нема да поминат. Подготвуваме тужба за сите овие нелегални работи што деновиве се случија во Собранието со нелегалниот избор на претседател на Собранието, најавија денеска организаторите на протестите од граѓанската иницијатива.

„Имаме одлични правници на нашата страна. Тужбата е комплексна, ќе треба и други специјалисти, професори да се приклучат, но тоа ќе биде една касетна бомба како што е народот бомба. Кога ќе се отвори и кога ќе удри по поединци, по меѓународни мешетари со прави и факти. Ако нашите судови не одговорат, ќе одиме на меѓународните“ – најави иницијативата „За заедничка Македонија“ на 73 протестен марш.