Бесплатно полнење ако имате електричен автомобил
Во катната гаража „Македонска фаланга“ во Скопје ќе може бесплатно да ги полните електричните автомобили. Овој додаток е наменет и за било кое возило кое работи на електричен мотор, вклучувајќи ги и велосипедите. Промоцијата ја направи Коце Трајановски, градоначалникот на град Скопје, кој ја имаше и можноста прв да го употреби полначот. Во Македонија има мал број на сопственици на електрични или хибридни возила, па потребен е поголем узво и интерес кај купувачите.