Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБесплатните учебници ќе се обноват со 7 милиони евра

Бесплатните учебници ќе се обноват со 7 милиони евра

Бесплатните учебници за основно и средно образование кои беа доделени пред пет години се проценува дека веќе се оштетени и време е да се обноват со нови едиции што ќе го чини Министерството за образование и наука 7 милиони евра. Учебниците ќе бидат готови до 1 септември за непречено започнување на наставата.

Исклучок се само учебниците по математика и природни науки во седмо, осмо и деветто одделение кои согласно Акцискиот план за воведување на Кембриџ образовниот систем ќе бидат воведени во септември 2016 година.