Thursday, Jun 22, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБесплатни обуки за невработените во едукативниот центар Seavus

Бесплатни обуки за невработените во едукативниот центар Seavus

seavus-logo-0414

Едукативниот и развоен центар Seavus во рамките на проектот на Агенцијата за вработување на РМ, организира бесплатни обуки за MS Office апликации. Во обуките може да учествуваат сите млади и невработени лица до 29 години кои се евидентирани во Агенцијата за вработување на РМ и сакаат да го унапредат своето знаење преку посета на обуки за MS Word, Excel, PowerPoint, Accesss i Outlook. По завршување на обуките, учесниците освен што ќе се здобијат со знаење и нови вештини, тие ќе добијат и соодветни сертификати.

Сите заинтересирани своите апликации можат да ги поднесат во Агенцијата за вработување каде што еден кандидат може да учествува во сите обуки но не истовремено, и за секоја обука треба да аплицира поединечно.

http://www.srekja.mk/wp-content/uploads/2016/05/Besplatni-Microsoft-obuki-1024x682.png