HomeДЕНЕШНАРегионБесни пензионери во центарот на Атина, полицијата искористила солзавец да ги смири (ВИДЕО)

Бесни пензионери во центарот на Атина, полицијата искористила солзавец да ги смири (ВИДЕО)

Стотици пензионери протестираа во Атина, а полицијата беше принудена да искористи солзавец за да ја растера групата која фрлала со камења по нив. Околу 1.500 пензионери учествувале на протестот пред резиденцијата на грчкиот премиер Алексис Ципрас. „Срамота за новата влада“, гласи една од пораките за време на протестот, кои се однесуваат на Ципрас.

Десетина пензионери се обиделе да превртат и полициски автобус кој го блокирал влезот пред резиденцијата на Ципрас. „Дали е возможно да плаќам исти такси како и еден богат бизнисмен“, изјави деден од демонстрантите. Кон крајот на септември, грчкиот парламент ги намали пензиите, па протести беа организирани ширум Грција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com