Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБесими и Спасовски ќе разгледаат кој е патот на МВР до ЕУ

Бесими и Спасовски ќе разгледаат кој е патот на МВР до ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања денес ќе го посети техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за потикнување на реформските процеси кои се неопходни при доближување до европските интеграции. Станува збор за повеќе институционални посети на Бесими кој работи на процесот на интеграција во ЕУ иако на сите им е јасно дека главната пречка е ветото на Грција.

mvr1

Посетата на МВР ќе ги утврди нивните надлежности и обврски во наредниот период што се поклопува со регулирањето при предвремените избори и надлежностите, како и други области за човековите права, професионалноста и независноста на службениците.