Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБесен возач кршел и тепал зошто не му дале предност

Бесен возач кршел и тепал зошто не му дале предност

На патот Плетвар – Прилеп дошле до вистински бес на возач кој подивел откако не му била отстапена предност за претекнување од страна на С.М. Тој се движел со автомобил „Даеву Ланос“ со неговото семејство, поточно со сопругата, ќерката и неговиот татко. Младиот возач на БМВ нервозно ги претекнал и им го попречил патот по што излегол и со дрвена палка почнал да го демолира возилото. Во нападот му помогнал и 17 годишниот сопатник. На С.М и неговиот татко им нанеле телесни повреди и посекотини. Против двајцата бесни насилници се поднесени кривични пријави.