Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаБесен маж со нож ги нападнал родителите на поранешната сопруга

Бесен маж со нож ги нападнал родителите на поранешната сопруга

Крвава драма се случувала во прилепското село Дебреште денеска претпладне. Жител на селото со нож ги нападнал родителите на неговата поранешна сопруга, при што и на двајцата им нанел убодни рани. Напаѓачот, 45-годишниот С.У. ги обвинил родителите на поранешната сопруга дека тие се виновни за разводот, по што дошло и до тепачка во која настрадале поранешните баба и дедо – пишува Телеграф.мк.
Според првичните информации, повредените И.С. и М.С., кои се на возраст од околу 70 години, се надвор од животна опасност и се префрлени в болница во Прилеп. Полицијата е излезена на терен и врши увид на местото на настанот. Поранешната сопруга воопшто не била во куќата на нејзините родители кога бил извршен нападот.