Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБеса: Зврлевски е разрешен уште со формирањето на СЈО

Беса: Зврлевски е разрешен уште со формирањето на СЈО

Фадил Зендели од Движењето БЕСА на прес-конференција кажа дека пратениците од неговата партија ќе гласаат позитивно за разрешување на Марко Зврлевски. Според него, Зврлевски е разрешен уште со формирањето на Специјалното јавно обвинителство.

„Тоа што иритира е образложението на Владата. Според заменик-министерот за правда, причини се законски пропусти пропишани со законот за обвинителство. Во образложението се споменуваат неколку случаи, но сите знаеме дека во Македонија се покренати судски постапки во кои Албанците беа жртви, како Сопот, Монструм. Ниедна од овие не е наведена како причини. Се поставува прашањето дали оваа влада ги поддржува овие случаи“, рече Зендели.

Тој праша која е улогата на ДУИ во Владата затоа што не дошол министерот за правда Билен Саљили, туку неговиот заменик, Оливер Ристовски.

„БЕСА ќе гласа за разрешување поради тоа што Зврлевски е протагонист за неправдата кон Албанците. Албанците со право очекуваат вистинска правда при расветлување на случаите Сопот, Монструм и други“, рече Зендели.