Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБерзите во САД се тресат од економскиот пад на Кина

Берзите во САД се тресат од економскиот пад на Кина

Берзите во САД по подолго време на стабилност забележаа пад поради загриженоста која доаѓа од Кина и девалвацијата на јуанот, како и кризата на кинеските берзи кои во последните три месеци вештачки се одржуваа на високи квоти и јасно беше дека неизбежно ќе дојде до криза на пазарот и страв кај инвеститорите.

Американската економија и тесно поврзана со Кина од каде зависат голем број на компании кои извезуваат производи и услуги. Кинеските власти втор ден по ред го девалвираат јуанот кој има рекордно ниска вредност во однос на доларот исто како во 2011-та, па стравот кај инвеститорите е сосема разбирлив. Најголеми американски „лузери“ во овој момент се авто гигантите General Motors, Ford и Fiat Chrysler кои изгубија над 4 проценти од вредноста на берзите и тие се најизложени на кинеското економско тонење.

amerika berza kina

Кина како втора економија во светот доаѓа до момент кога се согледуваат реалните можности на потрошувачите, кредитните лимити се достигнати, а инвестициските циклуси треба да ги дадат реалните, а не еуфоричните резултати кои биле прогнозирани врз погрешни параметри.