HomeДЕНЕШНАЕкономијаБерзанските осцилации на „Apple“ му донесоа загуба од 158 милијарди долари

Берзанските осцилации на „Apple“ му донесоа загуба од 158 милијарди долари

Најскапата компанија во САД, “Apple”, ги доживува и првите негативи во поглед на анализите. “USA Today” во целост ги анализира драматичните настаните на Волстрит во изминатов период што се во најголема мера предизвикани од состојбата на кинеската економија.

Бројките покажуваат дека само за една трговска сесија во петокот акциите на „Епл“ паднаа за цели 6,72 проценти на 106, 02 долари за акција, а во целост, годишната загуба изнесува 3,2 проценти. Во долари, тоа изнесува неверојатни 158 милиони.

„Епл“ останува најскапа компанија во САД, чија пазарна вредност во моментот се оценува на 618 милијарди долари, но претходните смели прогнози дека нејзината вредност може лесно да надмине 1 трилион долари, беа заменети со опасност за можен понатамошен пад.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com