Tuesday, Oct 24, 2017
HomeАНТИСТРЕСЖуркиБернајс Пропаганда на Д Фестивал, чекаме нови изведувачи

Бернајс Пропаганда на Д Фестивал, чекаме нови изведувачи

bernajs propaganda d fest

Во листата на изведувачи за главната бина на Д Фестивал се придружуваат хероите на македонската независна музичка сцена, инди-пост-панк активистите Бернајс Пропаганда (BERNAYS PROPAGANDA)! Секогаш револуционерни во својот музички израз, Бернајс Пропаганда со четири студиски изданија и повеќе стотици концерти, важат за еден од водечките алтернативни бендови од регионов.

Музиката и извонредните настапи на Бернајс Пропаганда се единствено доживување за публиката и пренесувајќи ја својата моќна порака, постојано ве оставаат со чувство дека делото на овие музички активисти заслужува да протатне најсилно! Таква нова прилика на уживање ни претстои со нивниот настап на Д Фестивал во Дојран, каде што Бернајс Пропаганда доаѓаат меѓу предводниците на главната бина.

Наскоро се очекуваат и информации за нови изведувачи кои ќе настапат на Д Фестивал, па ќе бидеме во тек со сите новитети.