Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБерлускони оддекна: „Ќе станам министер за мојот пријател Путин“

Берлускони оддекна: „Ќе станам министер за мојот пријател Путин“

Руските и италијанските медиуми излегоа во пресрет со веста дека поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе ја обнови својата политичка кариера но не во родната земја, туку во Русија.

Весникот “La Stampa” пишува дека рускиот претседател Владимир Путин му предложил на Берлускони да ја заземе функцијата на министер за економија во Руската Федерација.

„Размисли: Во Италија сум маргинализиран, додека Путин ми рече дека е подготвен да ми даде руско државјанство и да ме направи министер на руското економско министерство”, изјавил Берлускони.

Долгогодишниот сопственик на италијанскиот гигант “Милан” не е единствената позната личност која бара помош од Путин. Руско државјанство беше дадено на францускиот актер Жерар Депардје во 2013 година за да не плаќа даноци.