Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБериша: Еди Рама ќе има жесток крај – Владејачката коалиција пред распад

Бериша: Еди Рама ќе има жесток крај – Владејачката коалиција пред распад

Поранешниот албански претседател Сали Бериша упати тешки обвинувања против сегашниот премиер Еди Рама. Бериша повика Рама да ја напушти веднаш власта, бидејќи во спротивно ќе има жесток крај. Поранешниот претседател говореше пред шаторите на демонстрантите од Демократската партија во центарот на Тирана.

„За време на мандатот на Рама Албанија стана најкорумпирана држава во последните 100 години. Оди си. Направи го тоа сам, бидејќи демонстрантите од овие шатори – овие млади момци и девојки, ќе те исфрлат од премиерскиот ти кабинет, бункер или во тунелот, каде што ќе се скриеш. Лично за тебе е најдобро сам да напуштиш власта, во спротивно ќе имаш ужасен крај“, рече Бериша.

Инаку, владејачката коалиција се клати. Лидерите на двете партии во Албанија кои се во владината коалиција, премиерот Еди Рама и претседателот на Собранието Илир Мета имаат големи несогласувања околу барањата на опозицијата, која протестира повеќе од еден месец и одржувањето на изборите на 18-ти јуни годинава го условува со формирање на техничка Влада, пренесуваат албанските медиуми.
rama meta
Додека социјалистот Рама вели дека нема одложување на изборите, неговиот коалиционен парнтер Илир Мета, инаку лидер на партијата „Движење за социјалистичка интеграција“ смета дека во демократски системи не е можно одржување на избори без опозиција. Токму овие разлики според албанските медиуми видно ги имаат затегнато односите на партнерите во владината коалиција, а албанските аналитичари нагласуваат дека политичките несогласувања меѓу двете партии се продлабочуваат и можно е тие крајно да се влошат.