Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБензините поскапуваат – дизелот поевтинува

Бензините поскапуваат – дизелот поевтинува

Бензинот поскапува – дизелот поевтинува. Малопродажните цени на бензините ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, додека цената на дизелот се намалува за 1,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, литар еуросупер БС-95 ќе се продава по 71,50, додека за литар еуросупер БС-98 ќе биде потребно да се издвојат 73,50 денари. Новата цена на литат еуропдизел ќе чини 53,50 денари, а за 1,5 денар се намалува и цената на на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), која ќе изнесува 42,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,753 денари за еден килограм, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,318 ден/кг. Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период е за 4,20% пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше е за 2,135 % повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 1,94%, кај дизелот намалување во просек за околу 7,57% и кај мазутот намалување во просек за околу 7,02% или за околу 22,925 $/тон.