Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБензините поскапуваат, дизелот останува со стари цени

Бензините поскапуваат, дизелот останува со стари цени

Од полноќ бензините поскапуваат за половина денар, додека дизелот останува со иста цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 од полноќ ќе биде 62,5 денари по литар, а на ЕУРОСУПЕР БС 98 64,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе се точи по стара цена од 49,5 денари за литар. Половина денар поскапо станува и екстра лесното масло за домаќинство и неговата цена ќе биде 38,5 денари за литар. Мазутот поевтинува за 0,526 денари и новата цена изнесува 20,787 денари за килограм.