Monday, Mar 27, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБензините поевтинуваат – дизелот со иста цена

Бензините поевтинуваат – дизелот со иста цена

gorivo-pumpa

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините поевтинуваат за два денари, а цената на дизелот и екстра лесното останува непроменета.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 64 денари за литар. Се намалува и цената на Мазутот и ќе изнесува 19,9 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесувала 46,27 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот бил 54,32 денари.