Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмБен Афлек ќе биде главен за новиот Бетмен

Бен Афлек ќе биде главен за новиот Бетмен

Бен Афлек е во преговори да биде главна ѕвезда на новото продолжение на Бетмен кое ќе следува по судирот со Супермен. Актерот повторно ќе ја има главната улога, но и ќе седне на режисерското столче. Можеби голем дел од фановите не се убедени дека може да биде одличен во улогата на Темниот витез, но со неговото блескаво режисерско искуство сигурно ќе добиеме фантастичен филм.

batmansuperman3-large

Warner Bros и DC Comics планираат продолжување на сагата за суперхеројот со самостоен филм без останатите членови на Justice League, а Бен Афлек покажа дека е способен режисер кој може да води квалитетни филмски проекти со Argo кој освои и Оскар за најдобар филм.

batman2

Се уште нема детали каде ќе се движи приказната за Бетмен, но една од претпоставките е дека сценариото ќе се базира на стриповите на Френк Милер и ќе се соочи со последиците од Batman V Superman: Dawn Of Justice чија премиера е закажана за март наредната година.